На Светското хокеарско првенство синоќа во Прага се одигра натпревар од групата А помеѓу селекциите на Австрија и Канада. Победија Канаѓаните со резултат 7:6 по продолжение.

Во третиот период австрискиот тимкој губеше со 1:6 постигна пет гола во низа и го однесе натпреварот во продолжение. Според прес-службата на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF), овој камбек е најголем во историјата на Светските првенства.

Во продолжението, канадската репрезентација победи благодарение на прецизниот удар на Џон Таварес.

Следниот натпревар Канада за противник ќе ја има Норвешка, а Австрија ќе игра против Финска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.