Поранешната хрватската aтлетичарка Бланка Влашиќ од програма во живо дозна дека сопругот ја изневерува.
40 годишната Влашиќ, дозна дека нејзиниот сопруг, познатиот спортски новинар Рубен ван Гухт ја изневерува, а тоа се случи во програмата во живо!
Ван Гухт моментално известува од Европското првенство во Германија, а при неговото вклучување во телевизиска програма зад него се гледаа женски нозе. Кога виде што се случува, новинарот се обиде да ја сокрие сцената со шолја кафе, но веќе беше доцна, а шокантното видео почна да кружи на социјалните мрежи.
Бланка и Рубен се венчаа на 26 мај годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.