Кинеската тенисерка Чинвен Женг ќе игра во финалето на Австралија опен.

Во второто полуфинале на Грен слемот во Мелбурн, Женг попладнево ја победи Украината Дајана Јастремска со 6:4 и 6:4. Украинката настапите на Австралија опен ги започна во квалификациите.

Противничка на Женг во големото финалето ќе биде Арина Сабаленка од Белорусија.

Сабаленка го брани трофејот освоен минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.