Слаломот од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција закажан за 11 јануари нема да се одржи во австрискиот зимски центар Флахау поради пандемијата на коронавирус и трката е преместена во Шладминг, објави Австриската скијачка федерација.

Поради високата стапка на инфекција во Флахау, покраината Салцбург гласаше против одржување на трката, се наведува во соопштението.

Австриската федерација наведе дека пронашла алтернативна локација и трката ќе вози во Шладминг, во соседната покраина Штаерска, која за прв пат ќе биде домаќин на слалом во женска конкуренција.

Ова е прво натпреварување во рамки на Светскиот куп во алпско скијање кое е одложено оваа зима поради пандемијата, на помалку од еден месец пред Зимските олимписки игри во Пекинг, што под строги здравствени ограничувања ќе се одржат од 4 до 20 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.