Македонскиот одбојкарски шампион настапите во Лигата на шампионите против грчкиот Олимпијакос ќе ги почне со три засилувања. Во старото јато се вратија репрезентативците Филип Маџунков и Стојан Илиев, кои ќе настапувата и во домашното првенство, а боите на Струмица во Лигата на шампиони и евентуално во Купот на ЦЕВ ќе ги брани и Украинецот Роман Волков, кој игра на примачката позиција.

Тренерот на Струмица, Кирил Ричлиев,информираше дека екипата ги започна подготовките за новата сезона на 5 минатиот месец, но заради ангажманот на повеќе играчи во сениорската и младинската репрезентација работеле со перспективни одбојкари, кои во иднината ќе ги бранат боите на тимот.

-Сега сме комплетни и интензивно се подготвуваме за првиот дуел со грчкиот Олимпијакос. Се радувам што ни се приклучија и трите засилувања и се надевам дека до првиот натпревар со Грците на домашен терен на 17 септември ќе бидеме во топ форма, смета стратегот на струмичкиот одбојкарски шампион.

Реваншот со грчкиот шампион се игра на 24 септември, а доколку Струмица не успеа да го помине првото коло, тогаш ќе настапува во Купот  на ЦЕВ, каде ќе го очекува победникот од средбата меѓу Инсбрук и Капошвар на 1 октомври.

Инаку, одбојарите на Струмица и ракометарите на Пелистер се единствени македонски екипи кои настапуваат во елитните клупски натпреварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.