Тешка трагедија го снајде српскиот спорт.На 40-годишна возраст почина играчот во американски фудбал Урош Максимовиќ.

Максимовиќ загина во сообраќајна несреќа во САД, соопшти Српско-американскиот фудбалски сојуз.
Максимовиќ е поранешен играч и капитен на клубот Блу драгонс од Белград.

Со својата посветеност, игра, работа и харизма, Урош му помогна на својот клуб Сини змејови уште на самиот почеток, кога американскиот фудбал во Србија се уште беше во зародиш.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.