Андре Рене Русимоф, попознат како Андре Џинот, бил француски професионален борач и актер и вистинско чудо на природата. Тој бил познат по својата големина, која била резултат на гигантизам предизвикан од вишокот на хормонот за раст (акромегалија), поради што бил наречен „Осмо светско чудо“.
Кариерата ја започнал во 1966 година, а пет години подоцна се преселил во Северна Америка. Од 1973 до 1980 година Русимоф беше ангажиран од тогашниот промотор на Светската боречка федерација (ВВФ) Винсент Џеј Мекмахон.
Тој го победи Хулк Хоган во 1988 година и го освои шампионатот на ВВФ, неговиот единствен Светски шампионат во тешка категорија. Русимоф почина во 1993 година, но подоцна заврши во Куќата на славните на ВВФ.
Денеска да беше жив ќе имаше 76 години. Уште во школските денови било јасно дека не станува збор за обично момче. На само 12 години имал преку 190 сантиметри и речиси сто килограми. Набргу потоа веќе не можел да се вози во училишниот автобус.
Многу брзо го напушти училиштето, свесен дека остатокот од животот ќе го помине работејќи на терен и дека школувањето не му е потребно. Работел напорно, дури и за 3-4 луѓе.
Неколку години подоцна, кога пристигнал во куќата со црна лимузина, не го препознале ниту мајка му ниту татко му. Тој бил некој сосема поинаков, и по изглед и по статус.
Кога имал 14 години, заминал во Париз, каде сакал да ги искористи своите големи физички способности. Во салата се сретнал со неколку борачи кои веднаш го виделе неговиот потенцијал. Тој исто така брзо скокнал во рингот за да го замени својот повреден пријател и веднаш направил сензација. Го запознал промотерот Френк Валоа и неговата кариера добила неверојатен замав. Андре брзо станал ѕвезда, а токму таму ја слушнал реченица која засекогаш му го променила животот.
Твојата огромна висина не е случајна, страдаш од гигантизам и веројатно нема да доживееш 40 години, му рекол докторот на Андре Џинот, кој тогаш бил висок 224 сантиметри и тежок околу 240 килограми. Но, тоа не му пречело на многубројните настапи во Канада, САД, па дури и во Африка.
Имал неверојатна сила. Една од легендарните негови фотографии е онаа на која тој носи четири возрасни жени на рамениците, а сведоци зборуваат дека кревал и тешки автомобили.
Само три години по започнувањето на својата боречка кариера, тој заминал во САД, каде Винс Мекмахон го видел потенцијалот на Џинот. Совршено знаел дека може да стане вистински рудник за злато за организацијата. И навистина било така. Во 1974 година, тој бил запишан во Гинисовата книга на рекорди како најплатен професионален борач во историјата. Русимоф тогаш добивал по 400.000 долари годишно.
Речиси 15 години Андре Џинот бил непобедлив и водел незаборавни дуели, вклучително и со Хулк Хоган, најголемата ѕвезда на американското борење во тоа време.
Токму овој дуел со Хоган влезе во историјата, бидејќи на 29 март 1987 година, повеќе од 93.000 луѓе во Мичиген го следеле нивниот дуел. Иако нивната борба привлекла рекорден број луѓе на стадион, нивниот реванш два месеци подоцна привлекол над 33 милиони гледачи на американските телевизија, што го прави најгледаниот боречки натпревар во историјата. Популарниот Џин потоа глумеше и во некои филмови.
Го добил прекарот „најголемиот пијаница на светот“, а една вечер наводно испил 156 лименки пиво или 55 литри од овој пијалок.
Има многу луди приказни за Андре кои денес звучат како лага, но повеќето од нив навистина се случија. Еднаш Андре ме замоли да му донесам шест шишиња вино. Тој ги испи, а потоа отиде во рингот, открива Џералд Бриско, поранешна ѕвезда во борење.
Еднаш купив кутија со вино што содржи 12 шишиња многу јако бело француско вино. Пред нас имаше осумчасовно возење со автобус. Околу три часа подоцна, Андре Џинот ме повика и ми рече: „Шефе, ми треба тоалет“. За три часа во автобусот испи 12 шишиња вино, изјави Хулк Хоган во интервју за „ЦБЦ“.
Иако му предвидувале дека ќе живее околу 40 години, тој успеал да ја измами смртта, па починал шест години подоцна. Приказната за неговата смрт е тажна. Русимоф починал во хотел во Париз, каде што дошол на погреб на својот татко. Причина за смртта била циркулаторна инсуфициенција и срцев удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.