Во Луганск е убиен четирикратниот светски шампион во кик бокс и шампион во ММА, Виталиј Меринов.
Тој беше волонтер во армијата на Украина од првите конфликти во Донбас во 2014 година. Како припадник на Националната гарда на Украина, Виталиј Меринов (32) учествуваше во борбите од февруари 2022 година, кога беше ранет во ногата во областа Маринка.
Откако се опорави, се врати на фронтот. Подоцна повторно бeше ранет и почина во болница.
Виталиј Меринов беше член на Десниот сектор, украинска пронацистичка, екстремно десничарска паравоена организација.
На социјалните мрежи сподели фотографии од родното место на Степан Бандера, украинскиот нацист од Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.