Македонскиот скијачки талент Виктор Петков повторно се искачи на победничкиот пиедестал, овојпат на ФИС трките кои се одржаа минатиот викенд, 25-26 март на Копаоник.
На четирите трки во слалом учестуваа 35 скијачи и скијачки од осум земји.
23-годишниот Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона и се искачи на пиедесталот на две трки, освојувајќи две трети места.
За жал, на другите две трки, во второто возење имаше грешка и испаѓање од добриот пласман, но до крајот на сезоната остануваат уште неколку трки на кои тимот се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.