Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена ги полни со информации медиумите ширум светот, откако при влез во Австралија, со часови беше испрашуван, а потоа ставен и во изолационен притвор.

И додека цел свет ја чека конечната одлука која треба да биде донесена денеска на полноќ, објавено е името  на човекот кој го имал последниот збор за блокирање на влезот на првиот рекет во светот во Австралија.

Се работи за Мајкл Оутрам, познат под прекарот „супер агент“, комесар на австралиските гранични сили и човек кој спроведувал остри потези на своја рака, како што се наведува во текстовите на медиумите од Австралија.

Локалните медиуми наведуваат дека токму тој го имал последниот збор да не му биде дозволен влез на Ѓоковиќ во Австралија. Тој сакал токму Србинот да биде вистински пример како неговите надредени се држат до законот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.