– Американската тенисерка Венус Вилијамс во првиот осминафинален натпревар на турнирот во Кливленд ќе се соочи со руската тенисерка Мира Андреева. Натпреварот закажан за в понеделник го привлекува вниманието поради разликата во години. Русинката име 16 години, додека Вилијамс 43.

 

Во 2007 година, годината кога се роди Андреева, Венус Вилијамс ја освои својата четврта титула на Грен слемот Вимблдон.

 

Андреева во мај годинава за првпат влезе во главниот ждреб на Грен слем турнир. Во третото коло таа загуби од светскиот рекет број 6, Кори Гауф. Во моментов, таа е 67- ма на ВТА ранг-листата.

Вилијамс за учество на турнирот доби специјална покана (вајлд-карта)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.