Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најдобар на денешните квалификации за Големата награда на Холандија. Неговиот најбрз круг беше една минута и 10,567 секунди, со што дојде до пол-позицијата за главната трка.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис (+0,537) го освои второто место на трката, а зад него беше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел (+0,727).
Седумкратниот светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон отпадна по вториот квалификациски сегмент.
Од 4 до 10 стартна позиција ќе тргнат:
4. Алекс Албон (Вилијамс) +0,852
5. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) +0,939
6. Карлос Саинц (Ферари) +1,187
7. Серхио Перез (Ред Бул) +1.313
8. Оскар Пјастри (Мекларен) +1.371
9. Шарл Леклер (Ферари) +2.098
10. Логан Сарџент (Вилијамс) +6,181. зс/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.