Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за спринт трката што се вози како дел од Големата награда на Мајами, шестата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

За првпат во кариерата, трикратниот светски шампион до најдобрата стартна позиција стигна во Мајами, каде што славеше во претходните две години, иако се работи за спринт.

Најблиску до Верстапен беше Шарл Леклер во Ферари, кој практично го пропушти целиот слободен тренинг поради технички дефект. Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез имаше трето време, додека титулата херој на спринт квалификациите му припадна на Даниел Рикардо, кој го освои четвртото време.

Спринт трката во Мајами е закажана за денеска од 18 часот. Од 22 часот се закажани квалификациите за Големата награда на Мајами, која започнува во недела во истиот термин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.