Актуелниот првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е победник на трката за Големата награда на Франција возена во неделата на патеката во Ла Кастаје.

Верстапен славеше пред двајцата возачи на Мерцедес, Британците Луис Хамилтон и Џорџ Расел. За седумкратниот светски првак Хамилтон, кому ова му беше јубилејната 300-та трка во Формула 1 во кариерата, ова беше најдобриот пласман оваа сезона.

Возачот на Ферери, Шарл Леклер од Монако, кој трката ја почна од првата позиција, излета од патеката во 18-от круг и се заби во заштитната ограда по што мораше да се откаже, а до тој момент беше во водство. Ова е третата трка сезонава во која Леклер мораше да се откаже во моментите кога беше во водство.

Верстапен така ја зголеми својата предноста во генералниот пласман, сега има 233 поени, 63 повеќе од второпласираниот Леклер, односно 70 повеќе од третопласираниот клупски колега Мексиканецот Серхио Перез.

Следната трка за Големата награда на Унгарија е закажана за следниот викенд.

РЕЗУЛТАТИ ГН ФРАНЦИЈА:

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 1:30:02.112
2. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) +10.587
3. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) +16.495
4. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) +17.310
5. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари) +28.872
6. Фернандо Алонсо (Шпанија/ Рено Алпен) +42.879
7. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) +52.026
8. Естебан Окон (Франција/ Рено Алпен) +56.959
9. Даниел Рикиардо (Австралија/ Мекларен) +1:00,372
10. Ленс Строл (Канада/Астон Мартин) +1:02.549

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ:

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 233 бодови
2. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 170
3. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) 163
4. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари) 144
5. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 143
6. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 127
7. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 70
8. Естебан Окон (Франција/ Рено Алпен) 56
9. Валтери Ботас (Финска/Алфа Ромео) 46
10. Фернандо Алонсо (Шпанија/ Рено Алпен) 37

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРИ:

1. Ред Бул 396 бодови
2. Ферари 314
3. Мерцедес 270
4. Рено Алпен 93
5. Мекларен 89
6. Алфа Ромео 51



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.