Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Бразил. Актуелниот шампион во Формула 1 покажа време од 1 минута и 10,727 секунди.

Шарл Леклер од Ферари заврши како втор со 0,294 секунди заостанување зад лидерот. Третото место му припадна на Ленс Строл од Астон Мартин – 0,617 секунди.

Од 4 – 10. место се пласираа: Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Карлос Сајнц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Трката за Големата награда на Бразил ќе се вози утре со почеток во 18 часот по македонско време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.