Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази незадоволство од паричната казна од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за псовки. Тој на официјалната прес-конференција пред Големата награда на Сингапур одговори со едносложни зборови и рече дека има проблеми со гласот.

Не, може да бидам казнет“, истакна Верстапен одговарајќи на прашањето на еден од новинарите да одговори подетално.

Верстапен потоа изјави дека ќе им даде одговори на медиумите надвор од службената прес-конференцијата на ФИА.

Смешно ми е тоа што се случи, па зошто да дадам детални одговори? Излегува дека лесно можете да добиете парична казна за ова. Затоа, претпочитам да не кажувам многу, да го зачувам гласот и можам да давам интервјуа на друго место“, рече Верстапен.

Дваесет и шестгодишниот возач на Ред Бул доби општокорисна казна поради употреба на непристоен јазик за време на официјалната прес-конференција на ФИА на 19 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.