Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по победата на трката во Формула 1 за Големата награда на Кина, ги пофали сите од тимот кои беа вклучени во подготовката на неговиот болид.

Чувството е неверојатно. Бевме неверојатно брзи во текот на целиот викенд. Автомобилот беше задоволство да се вози на секаков вид гуми. Добро го преживеавме рестартирањето, а болидот возеше речиси како на шини, можев да правам што сакам со него. По ваквите викенди, има неверојатни чувства, а она што успеавме да го постигнеме на ова Гран при е навистина фантастично, изјави Верстапен за „Скај спортс“.

Сезонава Холанѓанецот победи на 4 од 5 трки.

Шестата трка од Формула 1 ќе се одржи во Мајами (Флорида, САД) од 3 до 5 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.