Макс Верстапен ја оствари својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако триумфираше на Големата награда на Јапонија. Трката на „Сузука“ беше многу интересна, а драмите во неа почнаа уште во третиот свиок.

Уште на почетокот се судрија Даниел Рикиардо и Алекс Албон и тоа доведе до прекин на трката на половина час. По доцнење од речиси половина час, таа беше продолжена, а чекањето дефинитивно вредеше.

Поради големата деградација на гумите и бројните застанувања во боксот, имаше битки и претекнувања во текот на целата трка, вклучително и во брзите свиоци во првиот сектор. Сето ова претекнување и замена на позициите не се покажа како проблем за Верстапен, кој одлично се снајде и стигна до релативно лесна победа, негова трета во низа во Земјата на изгрејсонцето.

Неговиот тимски колега Серхио Перез заврши 12,5 секунди зад светскиот шампион, продолжувајќи го трендот на само двојни победи од почетокот на 2024 година. За Ред Бул ова е трет случај, по трките во Бахреин и Саудиска Арабија, а пред две недели двојниот триумф во Австралија беше за Ферари.

Победникот на трката во Мелбурн, Карлос Саинц, повторно се искачи на подиумот откако заврши трет. Колегата во Ферари, Шарл Леклер, извозе неверојатен прв дел од трката трката, влезе само еднаш во пит-стоп и напредуваше од осмото место на гридот до четвртото во финишот.

Ландо Норис, кој стартуваше трет, беше претекнат од возачите на „црните коњи“ и заврши петти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.