Македонските каратисти Венцислав и Дејан Недев учествуваат на карате семинар во Лондон, Англија.

Семинарот го водат тројца врвни јапонски карате инструктори: Масао Кавазое, Такаши Наито и Сеизо Изумија. Сенсеи Масао Кавазое е шеф инструктор на Англија, сенсеи Такаши Наито е шеф инструктор на Италија а Сенсеи Сеизо Изумија е генерален менаџер на ЈКА со седиште во Токио, Јапонија. Сите тројца се носители на 8 дан и се поранешни шампиони на ЈКА и ИТКФ, како и асистенти на светските карате легенди Нишијама и Накајама основачи на ИТКФ и ЈКА.

На овој карате семинар каде учествуваат на 500 каратисти од Англија, Норвешка, Шкотска, Чиле, Македонија и други земји. Недеви покрај другото им упатија и покана на сите тројца инструктори да ја посетат Македонија и да одржат карате семинари во Македонија, информираат од МТКФ.

Семинарот во Лондон трае од 10 до 12 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.