Српскиот тенисер вчера го освои златниот медал на Олимпијадата во Париз откако во финалето со 2-0 го совлада Карлос Алкараз. Ѓоковиќ стана најстариот олимписки шампион во историјата и дури петтиот тенисер што освоил „златен слем“ – олимписко злато и барем по еден на секој грен слем турнир.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа одигра оро со српските спортисти во олимпиското село за време на прославата на освојувањето на златниот медал.

Ѓоковиќ синоќа пристигна во олимпиското село каде со овации и скандирања го пречекаа останатите српски спортисти, а потоа започна спонтано оро во кој се вклучија бројни српски спортисти, а Ѓоковиќ играше во центарот на кругот со златен медал околу вратот и со српската тробојка во рацете.

Воодушевувањето на српските спортисти и самиот Новак, но и на целиот српски народ не престанува, Новак на Србија и го донесе олимпиското злато и на тој начин заврши се што можеше да се освои, земајќи ја единствената титула што му недостигаше.

– Одам во олимпиското село, одам да славам со нашата српска мисија, со нашите спортисти. Да ги охрабриме оние кои се уште се натпреваруваат. Да го допрат овој медал, да го земат пелцерот и да донесат медал – златен, сребрен, бронзен или што и да е, но, златен, ако можат. Господ е голем, ти благодарам Боже, ти благодарам што ми дозволи да бидам овде. Фала ти боже, фала ти, изјави Новак Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.