Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, во петок, на 2-ри август 2024 година, ќе се одржи XLV издание на Илинденскиот пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 километри.
На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 60 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории. Првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2008 година и постари), и втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2009 и помлади).
Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, – „К`ј Дивоно“ и тоа: првата група ќе стартува во 10:30 часот, а втората група во 11:30 часот. Целта ќе биде на Градското пристаниште во Охрид – кеј „Македонија“, на потегор пред хотел „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартувањето.
Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.