Украинската тенисерка Марта Костјук (20) ја освои првата титула во кариерата, откако во финалето на ВТА турнирот во Остин ја совлада Русинката Варвара Грачева со 6:3, 7:5.

Големиот успех на Украинката остана во сенка на неспортскиот потег кој го направи по натпреварот. Имено, младата тенисерка не сакаше да се ракува и да се фотографира со својата ривалка од Русија. Иако руските спортисти немаат апсолутно никаква врска со војната во Украина,  тенисерката ги гледа како непријатели.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.