Откако победи на стартот на ВТА турнирот во Индијан Велс, 19-годишната украинска тенисерка Марта Костјук им се пожали денеска на новинарите на однесувањето на руските колешки, посочувајќи оти ниту една нив не изразила жалење поради инвазијата на Украина.

– Разочарана сум бидејќи ниту една руска тенисерка, досега, не ми пријде и не ми изрази жалење поради сè што се случува, изјави Костјук по тричасовниот тениски маратон во кој ја совлада Белгијката, Марина Заневска со 6-7(5), 7-6(6), 7-5.

– Ниту една не ми се извини поради тоа што нејзината земја и го нанесува на мојата. Ова што се случува е страшно и никој не ми даде поддршка, никој не ме праша како сум. Тоа е шокантно. Тука не станува збор за политика, туку за човечки животи. Ме боли кога гледам какви проблеми ги мачат тенисерките и тенисерите. Нив им е важно каде ќе ги префрлат своите пари или слични теми. Украина никогаш нема да се предаде, но знаеме дека ниту Путин нема да запре. Тој е луд, изјави Костјук.

Таа е позната по изјавата дека како мала мислела дека ќе се мажи за Новак Ѓоковиќ.

Кога бев мала, сакав да го гледам Новак Ѓоковиќ, до својата деветта година мислев дека ќе се омажам за него

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.