Во индискиот град Ченај почна 44. Олимпијада на која настапуваат 186 репрезентации во машка и 160 во женска конкуренција, а меѓу учесниците се и соодветните македонски селекции.

Во воведното коло, македонските шахисти и шахистки забележаа убедливи победи без загубен поен.

Во машка конкуренција, Македонија триумфираше над Бермуда со 4-0, а со идентичен резултат шахистките беа поуспешни во дуелот со Габон.

Поради војната во Украина, на репрезентациите на Русија и Белорусија им е забранет настапот на Олимпијадата, а Кинезите во знак на поддршка на своите руски колеги, не ги испратија своите шахисти и шахистки, кои ги бранат титулите од последната Олимпијада во 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.