Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година, го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина.
Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само група на најподготвени и најискусни планинари.
Аманетот оставен од старите љуботенци и оваа година достојно испочитуван. Шарпланинската порта е отворена за сите планинари и добронамерници. Љуботенки и љуботенци Ви посакуваат добро здравје, многу радост и секогаш да сте на врвот! Среќна Нова 2023 година, порачаа од планинарскиот клуб Љуботен.
Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.