Традиционален натпревар во играње на табла се реализира во Кавадарци, во рамки на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Годинава имаме 46 заинтересирани играчи за одмерување на „силите“ во оваа древна игра, од нашата, но и од други општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, велат за МИА од кавадаречката локална самоуправа.

Меѓу натпреварувачите има и млади и повозрасни, а меѓу нив се и две припаднички на понежниот пол. Најдобрите, ќе бидат наградени.

Дел од натпреварувачите, споделија дека се разликуваат по тоа како започнале да играат таблијада. Но, нагласија дека дошле со иста цел, да се забавуваат и да си ги одмерат вештините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.