Поранешната аргентинска тениска ѕвезда Габриела Сабатини се повлече од професионалниот спорт во средината на 1990-тите и се посвети на својата линија парфеми.
Габриела Сабатини (51) почнала да тренира тенис уште како шестгодишно девојче.
Меѓу нејзините трофеи особено се значајни сребрениот медал од Олимписките игри во Сеул во 1988 година, како и титулата на УС Опен во 1990 година. Иако никогаш не ја освои титулата најдобра тенисерка на светот, на 26 години ја заврши професионалната кариера и се посвети на линијата парфеми со личен потпис.
Таа живее мирен живот во Буенос Аирес, Пфефикон (Швајцарија), Бока Рaтон (Флорида) и нејзината страст се патувањата:
Гордa сум на се што сум направилa. Уживам во парфемите, животот и се трудам да се смеам што повеќе – изјави тенисерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.