Медиумите пред неколку дена објавија дека бремената сопруга на тенисерот Рафаел Надал, Марија Франциско Перељо, е примена во приватна клиника во Палма де Мајорка, каде најверојатно ќе биде подложена на итна операција. Марија била итно примена во болница во 31-тата недела од бременоста.

о моментите кога треба да се бори за својата 23. Грен слем титула, Рафаел Надал поминува низ агонија. Имено, неговата сопруга неодамна била хоспитализирана, а пред сè, се размислувало дали ќе биде неопходна операција поради потенцијални компликации со бременоста, пишува весникот „Периодико“.

Следувале одлични вести дека бебето е добро и надвор од животна опасност, но дека сопругата ќе мора да остане уште неколку недели во болницата во Палма де Мајорка за превентивно да се следи нејзината состојба, објави шпанска „Марка“.

Иако Надал се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, некој ја фотографирал неговата бремена сопруга, а потоа ја открил нејзината здравствена состојба, што го налутило.

Тенисерот толку се налутил што размислува да поднесе тужба, пренесуваат шпанските медиуми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.