Тенискиот клуб „Југ“ ја одбрани шампионската титула во рамки на Македонската лига, откако попладнево во Скопје со максимални 5:0 во финалето го совлада „Поинтер“.
Тенисерите на „Југ“, кои влегоа во финалето со фаворитската улога, ги решија во своја корист сите сингл дуели, по што натпреварите во двојки не се одиграа.
Во составот на ТК „Југ“ дуелите во државното првенство беа пријавени Томислав Јотовски, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Дарко Колевски, Димитар Грабул, Филип Стојановски, Александар Трифунивски, како и тенисерите од Буграија Петар Нестеров и Габриел Донев, а улогата на капитен ја имаше Владимир Андонов.
Во дуелот за третото место, „Неготино“ го совлада „МТП“ со 4-1.
Од утре на терените на ТК Југ ќе стартуваат натпреварите во државното првенство на Македонија за мажи и за жени во поединечна конкуренција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.