Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски, кој ѝ се приклучи на украинската војска и во моментов е на киевскиот фронт, ја објави содржината на пораките кои му ги испратил Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер контактирал со Украинецот кога слушнал дека се пријавил во воените резерви, а Стаховски во интервју откри дека Рафаел Надал и Роџер Федерер решиле да молчат.

Неколку дена подоцна и Сергеј, кој за време на драмата во Австралија го бранеше Ѓоковиќ, откри што му рекол Србинот.

Стако, како си човече? Дали си на фронт? Размислувам за тебе и се надевам дека се ќе се смири наскоро. Те молам, кажи ми кој е најдобриот начин да се испрати помош… Финансиска или каква било друга помош – му рекол Ѓоковиќ на Стаховски.

Украинецот на почетокот на годината донесе одлука да ја заврши кариерата, а настаните во неговата земја го принудија да облече униформа и покрај тоа што поради тоа наиде на недоразбирање на сопругата.

Неодамна изјави дека неговите деца не ни знаат каде е.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.