Многумина се прашуваат зошто Англичаните се толку лути на Ѓоковиќ на Вимблдон и постојано му свират? Т
ешко е да се даде прецизен и точен одговор, но во изминатите неколку дена британската јавност се расправаше на истата тема, а еден од заклучоците е дека тоа е затоа што им ја „расипал забавата“ на Надал и на Федерер.
Сепак, има уште една работа а тоа е одлуката на Ѓоковиќ да не прифати пасош на Обединетото Кралство.
Сето ова се случувало во тинејџерските денови на Новак Ѓоковиќ додека неговото семејство водело голема битка да му обезбеди пари за да ја продолжи кариерата, а спасувачката рака дошла од Островот.
Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот српски тенисер рече дека тие како семејство одлучиле и покрај сите проблеми Ноле да не си ја „продаде“ душата.
Како можеш да си ја продадеш душата за пари. Да се биде Англичанец? Што би било тогаш… Како да му се појавам на татко ми или како ќе отидм на гробот на мајка ми, да речам дека моите деца се Англичани. А кога ја добивме понудата, се вселивме во сопствен стан само една година пред тоа, по 17 години живеење во туѓи станови во Белград. Парите не можат да платат за се, може, но не по секоја цена. Така секогаш се однесува мојот Новак. Бевме на двете страни, разликата е само во главата – и толку“, изјави таткото на најдобриот српски спортист на сите времиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.