Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, го коментираше фактот дека неговиот син е првиот во историјата кој поминал 400 недели на првото место на ВТА.

Во последните 15 години тој е најдобар во светот во секоја можна категорија. И, секако, на сите им пречи ова, па не можат да признаат дека е најдобар. На пример, Федерер беше најдобар долги години со 310 недели на прво место. Кога Новак го собори тој рекорд, тие веднаш ги сменија чевлите и рекоа: „Штефи Граф има 370 недели како број 1“. Кога ја престигна Граф, тие дојдоа до идеја дека некој пред Отворената ера имал околу 500 недели на првото место. Дали сакате и тој да го собори овој рекорд? Па, тој ќе го направи тоа, истана Срѓан Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер по рекорден осми пат годината ќе ја заврши како прв светски рекет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.