Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски имаше успешен настап на престижниот „Президент куп Г2“ во Истанбул, освојувајќи бронзениот медал.
Георгиевски го обезбеди медалот со сигурна победа во четврт-финалето против домашниот претставник Демирчиоглу со 2-0, по што во полуфиналето во израмнета борба загуби од актуелниот олимписки првак Сисе од Брегот на Слоновата Коска со 0-2.
Георгиевски, кој на Летните олимписки игри во Токио во 2021 година, го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми, со успешниот настап на Купот во Истанбул се стекна со нови бодови за олимписка норма за Игрите во Париз в година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.