Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица вчeра се убедливо поразени од германскиот Дирен со 0:3 (15:25, 19:25 и 17:25) во првиот натпревар од првото коло на Купот на ЦЕВ.

Во натпревар, кој траеше 1 час и 15 минути, струмичани направија многу грешки, како во играта, така и на сервисот и ниту еднаш во трите сета не успееја да поведат.

Германските одбојкари убедливо го освоија првиот сет, кога на неколку пати имаа водство од 10 поени разлика.

Во вториот струмичани пружија посериозен отпор и во финишот на сетот влегоа со 3 поени предност за гостите (17:20), но до крајот немаа сили да дојдат до израмнување.

Во третиот сет Струмица прикажа добра игра. Во неколку наврати резултатот беше израмнет (3:3, 6:6, 10:10 и 11:11), но во завршницата убедливите Германци знаеја како да го завршат и да забележат победа од 3:0.

Реванш натпреварот се игра на 30 ноември во Германија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.