Македонскиот одбојкарски првак Струмица загуби вечерва на реваншот во Атина од Олимпијакос со 3-0 и со два порази во дуелот со грчкиот противник го заврши настапот во 1 квалификациско коло во Лигата на шампиони.
Македонскиот тим, кој пред една недела во Струмица загуби с максимални 3-0. на реваншот во Атина освои 19 поени во првиот, 17 во вториот и 21 поени во третиот сет.
Прв поентер во редовите на Струмица беше Стојан Илиев со 12 поени.
Настапот на европската сцена одбојкарите на Струмица го продолжуваат во квалификациите во второто по ранг клупско натпреварување, ЦЕВ Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.