Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски го привлече внимание во светската јавност кога ја донесе одлуката да се врати во својата татковина и да ѝ се приклучи на војската.
Тенисерот беше и меѓу погласните јавни личност кои застанаа на страната на Новак Ѓоковиќ во случувањата со Австралија опен годинава, а сега открива дека неговиот српски колега му ја возвратил поддршката.
Ѓоковиќ ми испрати порака за поддршка, малку зборувавме. Се обидов да ги контактирам Роџер Федерер и Рафаел Надал, но не ми одговорија. Жал ми е што избраа да молчат. Ги разбирам, ова не е нивна војна. Имам поддршка од прекрасни личности, важно е таа да продолжи. Во спротивно, кога ќе заврши со Украина, Путин ќе почне да ја бомбардира Европа, изјавил Украинецот во интервју за „Ла Стампа“.
Стаховски ги пофалил и своите руски колеги Данил Медведев и Андреј Рубљов.
Тие се добри момци, го разбираат ѕверството на оваа војна. Се трудат да направат нешто, другите тоа не го прават. Добив над 100 пораки од тенисерите во светот, сите се во шок, изјавил Стаховски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.