Српската тенисерка Ј.М.(19) вчера беше уапсена откако во автомобилот „Смарт“ што го возела биле откриени 8,5 килограми марихуана, вели дека е во шок по се што се случило.

-Таа цел живот тренираше тенис, беше професионалец. Одеше на разни натпревари, во собата има безброј трофеи и медали. Одела во  економско вонредно училиште, дури доби и стипендија преку тенисот – вели нејзин познаник.

Соседите на младата тенисерка се во шок откако дознале дека таа превезува дрога. Многумина од нив не можат да поверуваат дека марихуаната е нејзина, бидејќи како што велат потекнува од нормално семејство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.