Штом некој чуе дека сум Србинка, веднаш ме навредуват. И тоа не е случај само со мене, туку со целата српска заедница овде. Со нас се однесуваат како да сме понизок вид. Не навредуваат, велат дека сакаме само војуваме, дека нашиот народ се однесува како ѓубре на улица и дека сакаме да предизвикаме трета светска војна, се жали Јелена Тодоровиќ која во Австралија работи како кошаркарски тренер.

Јелени јасно посочува:

– Не можам да молчам. Јасно и гласно го бранам Новак. На работа веднаш ми предложија да внимавам што зборувам, да не ја напаѓам Австралија и да бирам зборови. Ме предупредуваат да живеам овде и да градам кариера тука. Апсолутно можат да ми ги затворат сите врати и да ме отпуштат, но ако го сторат тоа, ќе кажам дека се расисти. Тоа за мене е чист расизам! Децата пред некој ден на тренингот ме прашаа: „Дали си од Србија? Дали тоа значи дека сега ќе одиш во затвор“. Или, на пример: „Дали е вистина дека вие од Србија намерно доаѓате во Австралија инфицирани за да ни ја предадете круната? Лудо е тоа што им го кажуваат на своите деца.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.