Репрезентацијата на Србија е прв финалист во ватерполо на Олимписките игри во Париз.

Србите кои со голема мака ја поминаа групната фаза, успеаја да дојдат на чекор од златото, откако попладнево ја совладаа селекцијата на САД со 10:6.

Првата и третата четвртина завршија 2:2, втората со 4:2, а последната со 2:0 за српските ватерполисти.

Противникот на Србија во големото финале ќе биде познат вечерва по одигрување на натпреварот Унгарија – Хрватска (почеток 19:35 часот).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.