Богатството на Роже Федерер кој најави пензија  се проценува на околу 415 милиони евра, во догледно време би можело да порасне на повеќе од 600 милиони, а тоа ќе зависи од тоа кои соработки ќе ги прифати 41-годишниот тенисер.

„Форбс“ неодамна пресмета дека Федерер во текот на својата кариера заработил приближно една милијарда евра од спонзори – ова е сумата пред даноците и процентот на управување – и дека според таа ставка тој се уште е најплатен спортист во светот, пред Леброн. Џејмс.

Федерер долго време е активен како амбасадор на швајцарскиот туризам, а се фрли и во развојот и дизајнот на патиките „On“. Тука е и брендот „RF“, чија популарност, според експертите, сигурно нема да се намали до дополнително известување.

На листата на спонзори на Федерер моментално се 12 мултинационални компании: Sunrise, Credit Suisse, Rolex, Barilla, Lindt, Mercedes, Moët & Chandon, Wilson, NetJets, Rimowa, Jura и Uniqlo.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.