Организаторите на турнир во Дубаи му приредија изненадување на Новак Ѓоковиќ после победата во првото коло на турнирот. Новак во првото коло со доста мака беше подобар од Томаш Махач од Чешка, со резултати 6:3, 3:6, 7:6.
После мечот, Новак дал интервју, а потоа организаторите приредиле изненадување поради што го сруши рекордот на Штефи Граф по бројот на поминати недели на прво место.
Новак од понеделникот помина 378 недели како број еден, па со тоа стана апсолутен рекордер.
По повод тоа, организаторите на турнирот во Дубаи на видео бим поставиле снимка од седумгодишниот Новак.
Novaku odali priznanje u Dubaiju pic.twitter.com/hq4IfAsAyR
— dedalaki (@dedalaki1) February 28, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.