Сопственикот на конобата во која јадел Новак Ѓоковиќ со семејството откри што јадел и дали имал посебни барања во Хрватска.
Не бараше ништо посебно за јадење, ние сме рибен ресторан и морам да кажам дека јадеше риба. Рече, како и сите други, на што е нетолерантен за да можеме да му ја прилагодиме храната, но тоа е нешто што го прават сите гости. Доаѓаат дури и со парче хартија, а Новак не направи голема работа, туку ни кажа усно. На пример, наместо путер користевме маслиново масло, се избегнуваа млечни производи. Имаме и леб без глутен. Ги има двете нозе на земја и многу сум горд што беше со нас – изјави Анте Бојиќ, сопственик на кафаната „Адио маре“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.