Светската и европска шампионка Јарослава Махучих од Украина го собори светскиот рекорд во скок во височина во женска конкуренција кој 37 години го држеше Бугарката Стефка Костадинова.
Махучих (22) денеска на митингот од Дијамантската лига во Париз во првиот обид ја прескокна летвичката на височина од 210 сантиметри, што е за еден сантиметар подобар резултат од долговечниот рекорд на Костадинова.
Стефка Костадинова го постави претходниот рекорд од 209 сантиметри на Светското првенство во 1987 година во Рим.
Второто место во скок во височина во Париз го освои светската шампионка во сала Никола Олислагерс од Австралија со 201 сантиметар, а на третото место заврши Анџелина Топиќ од Србија со прескокнати 198 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.