Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ секој ден јаде целер и тоа сиров, Ноле е човек кој многу внимава на исхраната и на сопственото здравје.  Со години  е веган, а неодамна беше откриено кое растение го користи за појадок.

Станува збор за целерот, растение кое е достапно за секого и кое често се користи како зачин на Балканот, особено при подготовка на домашни супи и чорби, а неговата салата е многу хранлива и ефикасна за здравјето на луѓето.

Токму во времето на пандемијата на коронавирус, Новак Ѓоковиќ секое утро појадуваше салата од целер.

Појадокот е најважниот оброк во денот, а Новак Ѓоковиќ ништо не препушта на случајноста. Затоа целерот беше на неговото мени. Ноле секој ден го започнува со вода со лимон и лимета на празен стомак, а потоа пие свежо цеден сок од стебленце целер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.