Романската тенисерка Симона Халеп се пласираше денеска во полуфиналето на Грен – слем турнирот во Вимблдон, откако ја совлада Американката Арманда Анисимова со 2-0 во сетови (6-2, 6-4).
На 18. рангираната на ВТА листата и беа потребни еден час и пет минути игра за да ја совлада 25 рангираната Анисимова.
Во полуфиналето Халеп ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан, која претходно денеска беше поуспешна од Австралијанката Ајла Томљановиќ со 2-1 во сетови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.