Италијанскиот тенисер Јаник Синер е вториот финалист на АТП-турнирот во Торино.
Светскиот рекет број еден, во полуфиналниот меч самоуверено го совлада Норвежанецот Каспер Руд во два сета – 6:1, 6:2. Средбата траеше 1 час и 10 минути.
Во мечот за трофејот на Завршниот турнир, Синер ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц, кој претходно го победи Германецот Александар Зверев.
Финалето е закажано за вечер со почеток во 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.