Романската тенисерка, Симона Халеп, е обвинета за второ прекршување на правилата за допинг поради „неправилности во нејзиниот спортски биолошки пасош. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Халеп е суспендирана од октомври откако беше позитивна на нелегална супстанца на „УС Опен“.

Дополнителните обвинувања, кои се одвоени од овој случај, се однесуваат на неправилности забележани во нејзиниот спортски биолошки пасош.

Халеп била позитивна на „рокадустат“, лек против анемија кој го стимулира производството на црвени крвни зрнца.

На двократната Грен слем шампионка сега ѝ се заканува нова суспензија, но не се знае на колкав период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.