Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Италијанката Јасмине Паолини во финалето на Ролан Гарос со 6:2 и 6:1.
Денешното финале траеше 1 час и 10 минути.
Првиот светски рекет имаше еден ас во текот на играта и реализираше 5 од 9 брејк топки. Паолини која е 15-та на ВТА светската ранг-листа имаше еден ас, две двојни грешки и една конвертирана брејк топка од една шанса.
Дваесет и тригодишната Швјонтек трет пат по ред го освои Отвореното првенство на Франција. Вкупно има четири трофеи на Грен слемот во Париз.
Полската тенисерка еднаш стана и шампион на УС Опен во 2022 година. Таа ги освои сите пет Грен слем финалиња.
Швјонтек освои 22 ВТА турнири во текот на нејзината кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.