Ноле успеа да докаже дека неговиот проблем со целиjaкијата може да предизвика сериозни компликации доколку се вакцинира со која било вакцина против КОВИД-19. Тие тврдења ги поткрепи дури и со потврда на научник од Кембриџ, кој наведува дека вакцината може да му наштети.

Затоа медицинските експерти во државата Викторија, каде што е Мелбурн и каде што влезот е забранет без целосна имунизација или ослободување, немаат друг избор освен да му дозволат да настапи на првиот Грен слем во 2022 година и да маршира до десеттата титула и рекордно 21-ви Грен слем.

Станува збор за болест при која телото е нетолерантно на глутен, кој го има во брашното и производите во кои се користи, а која Новак, за среќа, навреме ја открил, го променил начинот на исхрана и станал најдобриот тенисер на денешницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.