Даниил Медведев веќе по првото коло беше поразен во маратонски меч во пет сета од Тиаго Сејбот-Вајлд од Бразил, кој е на 172. место на АТП листата – 2:3 (6:7, 7:6, 2:6, 6:3 и 6:4).

Да биде работата поневеројатна, анонимниот Бразилец постигна голема победа по пресврт, што секако никој не го очекуваше. Огромното мнозинство мислеше дека Медведев веројатно има се под контрола по освојувањето на третиот сет, но Бразилецот потоа се разбуди.

Натпреварот траеше 4 часа и 15 минути, а публиката можеше да ужива во навистина феноменален тенис, пред се благодарение на борбениот Тијаго Сејбот-Вајлд , кој реши да го стави Медведев на работ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.